Италија: Казна од 1.000 евра за неносење маска

Ако нашите сограѓани мислат дека проблемот е решен, тоа значи дека за неколку недели ќе се вратиме на тешките мерки - предупреди гувернерот на Кампанија, Винченцо де Лука..

Властите во регионот на Неапол ги заострија мерките за борба против коронавирусот, а казна од 1.000 евра веќе се изрекува во јужниот регион Кампанија, доколку не се носат маски во затворено.

Италијанските медиуми денеска објавија дека првите казни од 1.000 евра биле изречени вчера на тројца сопственици на јавни места во Салерно, вклучувајќи бар и фризерски салон. Полицијата објави дека овие мерки биле изречени поради тоа што не се почитувало носењето на маски.

– Ако нашите сограѓани мислат дека проблемот е решен, тоа значи дека за неколку недели ќе се вратиме на тешките мерки – предупреди гувернерот на Кампанија, Винченцо де Лука.

Според новата регулатива, транспортните оператори се должни да го забранат пристапот на патниците без маски. Ако веќе се качиле, тие мора да бидат санкционирани и да бидат замолени веднаш да си заминат или што е можно поскоро. Доколку одбијат, автобусот или возот ќе бидат блокирани и ќе се повика полиција да го спроведе законот.

– Доколку повредата е сторена во текот на трговската активност (од трговец или неговите вработени), компанијата може да се казни со парична казна од 1.000 евра и казна затвор од 5 до 30 дена. Во случај на повторна повреда, казната е двојно зголемена – вели Де Лука.

Италија беше првата земја погодена од пандемијата во Европа. Во земјата се регистрирани повеќе од 35.000 смртни случаи и повеќе од 242.000 заболени. Во моментов се чини дека коронавирусот е под контрола, иако вчера беа објавени 275 нови случаи за еден ден, како и пет смртни случаи.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top