Италија предложи план за мигрантите што може да ја спаси Меркел

Новата популистичка влада на Италија на мини самитот во Брисел денеска побара од ЕУ да го промени својот систем за справување со мигрантите, поради кој имаше големи поделби во блокот околу миграционата политика и создаде притисок врз германската канцеларка.

На тнр. “самит за спас на Меркел”, германската канцеларка беше една од 16-те европски лидери кои на набрзина свиканата средба во белгискиот главен град за да успеат да постигнат договор по ова прашање до четврток, пред самитот на лидерите на ЕУ

Берлин го побара самитот како шанса за Меркел да изврши притисок за посилни овластувања за земјите да ги вратат назад барателите на азил кои веќе се регистрирани во друга земја-членка на ЕУ – клучно прашање во нејзината битка со нејзините домашни коалициски партнери што е закана за нејзиниот мандат како канцелар.

Но, италијанскиот премиер Џузепе Конте наместо тоа повика на “радикални промени” во таканаречената Даблинска регулатива на ЕУ, со која првите земји каде пристигнуваат мигрантите како Италија ги означува како одговорни за справување со барањата за азил и овозможува, регистрираните баратели на азил кои се движат во друга земја да бидат вратени назад на државата во која пристигнале.

Во планот од осум точки презентиран пред лидерите, Конте повика на “прекин” на врската помеѓу “местото на пристигнување” и “компетентноста за одлучување за правото за азил”.

Во моментот, кога мигрантите пристигнуваат на италијанска територија, италијанските власти можат да ја обработат својата апликација за азил. Рим сака ова да биде проширено и во другите земји на ЕУ, чекор што ќе резултира со прекин на постоечкиот 25-годишниот систем за справување со барањата за азил.

-Кој ќе пристигне во Италија, ќе пристигне во Европа, се вели во документот.

-Ние мора да ја потврдиме одговорноста и солидарноста. Шенген е во прашање , се вели во текстот, и притоа се алудира на можноста дека слободното движење  преку границите во земјите на ЕУ би можело да биде

Конте исто така, предложи “центрите за заштита” за процесирање на барањата за азил да бидат поставени и во други земји на ЕУ за да се избегне пренатрупаноста во првите држави. Франција и Шпанија поддржаа сличен план, но идејата беше критикувана од Холандија.

Мини-самитот во неделата првично беше наменет за средба на помала група земји, меѓу кои Германија, Италија и Франција, но беше проширена откако другите влади одлучија да присуствуваат.

Разговорите на лидерите на 28 земји членки на ЕУ во четврток изгледаат дека ќе бидат уште посложени, бидејќи на денешниот мини самит не присуствуваа четирите земји од Вишеградската група – Полска, Словачка, Унгарија и Чешка – кои се спротивставија на повиците од западните земји-членки да ги прифатат квотите за бегалци.

Меркел е под притисок од влијателните личности во нејзиното конзервативно движење за да најде решение за враќање на мигрантите во рок од неколку дена или да ги поддржи предлозите од нејзиниот министер за внатрешни работи, Хорст Сихофер, за заострување на контролите на германската граница.

Германската канцеларка денеска пред почетокот на самитот призна дека е тешко да се постигне решение, велејќи дека до “сеопфатно решение за проблемот со миграцијата” нема да дојде ниту оваа недела.

Дипломатите сепак покажаа некои знаци на консензус околу политиката за надворешните граници, при што голем број земји-членки ги поддржаа плановите за сместување на мигрантите кои ќе бидат спасени на море во “процесни центри” во северна Африка и други земји кои не се членки на ЕУ, каде што би можеле да им бидат разгледани барањата за азил.

Политиката, за која невладините организации предупредуваат дека ќе се соочи со големи правни и практични пречки, е насочена да ги обесхрабри мигрантите од опасни патувања до морето.

И покрај слабите надежи за постигнување договор до четврток, холандскиот премиер Марк Руте, изрази надеж дека лидерите на ЕУ ќе ја искористат средбата за да ги расчистат нивните разлики.

-Се надевам дека на крајот на денешниот ден стсрастите ќе се смират, тие разговараа за сите контроверзи за да можеме да постигнеме договор, рече тој.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, исто така смета дека се оди кон решение помеѓу неколку земји членки.

– Решението кое треба да го најдеме денеска е европско решение, тоа ќе се изгради само преку соработка помеѓу земјите членки, дали тоа се 28 или неколку земји кои сакаат да одат напред, изјави Макрон.

Макрон одговори на италијанските обвинувања за лицемерие, велејќи дека “Франција од никого не прима лекции“ и дека Франција е втора земја на прием на бегалци оваа година.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top