Италија: Пусти улици, затворено се, освен аптеки и маркети за храна

Од доцна синоќа Италија воведе уште поригорозни мерки поради состојбата со коронавирусот, која еруптираше со повеќе од 12.000 заразени и со повеќе од 800 починати..

Се затвораат сите продавници, освен аптеките и маркетите со храна. Се затвораат и кафулињата, пабовите и рестораните, а доставата на храна дома е дозволена. 

Нема да работат ни кина, театри…

Остануваат активни фабриките и индустриските погони, но со стриктно почитување на санитарните прописи во процесот на производство. 

Останува активен и јавниот сообраќај.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top