Италија врз луѓе ќе се тестира нова вакцина против Ковид-19

Првите дози на вакцината произведени во Италија пристигнаа во институтот „Спаланзани“ и од 24 август се подготвени за експерименти врз луѓето, најави здравствениот советник од регионот на Лацио.

Институтот ја комплетира потрагата по волонтери за експериментот. Вакцината веќе помина претклинички тестови извршени и ин витро и ин виво кај животни, и поттикнува силен имунолошки одговор со добар безбедносен профил. 

Според она што е научено во последните неколку дена, има одобрување од Националната комисија за етика во институтот „Спаланзани“ во Рим и сега може да започне првата фаза со експеримент кај луѓето.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top