Италијанците го „испратија“ Ибрахимовиќ во пензија, а Златан им одговори

Италијанските медиуми денеска објавија дека Златан Ибрахимовиќ на крајот од оваа сезона сигурно ќе го напушти Милан..

Шведскиот напаѓач со „Росонерите“ има договор до крајот на сезоната, но беше сигурно дека ќе ја продолжи соработката на уште една година. Но, по сите случувања стана нејасно дали Ибрахимовиќ ќе добие договор од клубот од „Сан Сиро“.

„Ла Газета дело Спорт“ објави денеска дека Ибрахимовиќ нема да го продолжи договорот и дека најверојатно на крајот од сезоната ќе ја заврши кариерата. Меѓутоа, после се се огласи и самиот Ибра кој демантираше дека е донесена било каква одлука.

„Се уште не знам што ќе биде бидејќи секој ден се случува нешто ново. Коронавирусот никој не го очекуваше, но мораме да почитуваме се и да бидеме трпеливи. Допрва подоцна ќе видиме што ќе биде. Сега не сум донел никаква одлука“, изјави Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот во јануари потпиша договор со Милан каде пристигна како слободен играч. Во Серија А одигра осум меча и постигна три гола за „Росонерите“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top