Италијанците во делириум, мадридските медиуми со стил се простија од Роналдо

Толку е голем што е способен и полуфиналето на Мундијалот да го фрли во втор план. Трансферот на Кристијано Роналдо е централна тема во сите водечки светски медиуми, со исклучок на оние во Франција и Белгија..

Но, затоа Шпанците, Италијанците и Португалците, како централна тема ја издвојуваат преоѓањето на најдобриот фудбалер на светот од Реал во Јувентус.

Во Мадрид на фантастичен начин се простуваат од човекот кој девет години го носеше белиот дрес, а најоригинална е угледната „Марка“, која излезе со наслов:

„Никој нема да биде како него“.

Во срцето на насловната страница залепи фотографија од легендарниот гол со ножички токму во Торино во полуфиналето од Лигата на шампионите, а околу него точно 450 топки кои го симболизираат бројот на голови на 438 натпревари и на секоја од нив грбот на клубовите кои ги матирал.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top