Италијанка ги тресна фановите на Шуми: Нема таква терапија, им даваат лажна надеж

Приказната околу здравствената состојба на Михаел Шумахер и натаму е завиена во медиумски мрак, речиси шест години по несреќата во Франција..

Се појави надеж откако пред десетина дена германскиот ас бил одведен на тајни терапии со матични клетки во Париз и, според една медицинска сестра од болницата, тој е при свест. 

Но, италијанката докторка Матилда Леонарди, една од водечките светски стручњаци на оваа тема веднаш демантираше дека може да му биде подобро.

„Не постои експериментална терапија со матични клетки која би имала позитивен ефект на пациенти во состојба на минимална свест како кај Михаел Шумахер. Информацијата што излезе во јавноста дава само лажна надеж и го мами семејството на пациентот“, изјави Леонарди.

Таа додава дека откако пациенти од целиот свет слушнале за ваквата, наводна терапија, почнале и тие да бараат. За жал, таа ги уверувала дека не постои такво нешто.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top