Италијанската легенда го потсети Меси: Без титула на Мундијалот си - ништо!

Како што се ближи Светското првенство во Русија, така се зголемува притисокот врз Лионел Меси и аргентинската репрезентација да ја освојат шампионската титула..

Последен кој го потсети Меси на тоа е италијанската фудбалска легенда Андреа Пирло, светски првак од 2006 година.

„И за Меси и за сите во аргентинската селекција е важно да ја освојат титулата. Меси секогаш го споредуваат со Марадона, но тој мора да триумфира бидејќи без овој трофеј не може да биде најдобар на сите времиња. Сметам дека има шанси за тоа”, изјави Пирло.

Аргентина е во група со Исланд, Хрватска и Нигерија, но вистинските тестови за “гаучосите” следуваат во нокаут фазата.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top