Италијански доктор по битката со коронавирусот : Единствениот спас е тотален карантин

Италијанскиот лекар Анџело Пан, е еден од лекарите кој во последните неколку недели немал слободен ден..

Тој само еден ден одморал за последните месец и половина, опишувајќи ја ситуацијата во неговата болница во Кремона како катастрофална.

Во таа болница операционите сали се претвориле во единици за интензивна нега, а самите лекари се разболеле од вирусот.

„Не можете да контактирате едни со други во овие ситуации, да одите во барови и супермаркети. Единствениот начин да се спасиме е преку целосен карантин. Можеме да го победиме вирусот само така.“, предупредува д-р Пан.

„Ако не работите во здравството и не мора да одите на работа - останете дома и размислувајте за вашиот живот“, заклучи лекарот од првите редови на борба со коронавирусот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top