Италијански лекар за пораѓајот на неговата жена заразена со корона вирус: „Нашето бебе е голем борец!“

Педијатар од Бергамо, еден од италијанските епицентри на корона вирусoт, во саботатa од Милано даде изјава за раѓањето на неговата ќерка, откако неговата сопруга била тестирана позитивно за COVID-19..

Лоренцо Норса работи како педијатар во болницата „Papa Giovanni XXIII“ во Бергамо - болницата со најголем број на смртни случаи на корона вирус. Toj ja добил веста дека неговата бремена сопруга e позитивнa на COVID-19 додека бил на должност. 

Лекарите одлучиле дека е неопходно да се оперира со царски рез: 

„Најголемата грижа што ја имав беше тоа дека мојата сопруга може да има респираторна криза за време на породувањето и дека може да заврши на интензивна нега. За среќа ова не се случи, таа беше многу силна и ќерка ми исто така беше многу силна. Имавме многу среќа.“

Норса не смеел да присуствува на раѓањето, но тој ја следел операцијата на неговиот телефон. Неговата сопруга и ќерка немале медицински проблеми, а новороденчето се покажало негативно на корона вирусот. 

Двете биле ставени во карантин една недела, пред да се вратат дома во Милано. 

„Жена ми дои со маски и ракавици, така што е јасно дека постои одреден степен на разделување со новороденчето, што е различно од она што го имавме со другите деца“, рече Норса, објаснувајќи какви мерки на претпазливост презема парот со новороденче.

„Ќе и кажеме дека е родена во многу тежок период за цела Европа, но дека била добра, родена без проблеми. Таа се однесува како голем борец“, рече докторот, кој ќе се врати на должност за неколку дена. 

Норса исто така ги повика граѓаните да ги следат упатствата од здравствените власти, предупредувајќи дека карантинот е единствениот начин да се спречи понатамошно ширење на вирусот.

Италија останува најтешко погодената земја во Европа од страна на корона вирусот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top