Итната медицинска помош со неколкукратно зголемен обем на работа

Голем дел од граѓаните се уште не ја кажуваат вистинската состојба поврзана со Ковид 19 кога се јавуваат во брзата помош..

Со ваквата состојба се ставаат во животна опасност, бидејќи со тоа го лажат и матичниот доктор кој е должен според протоколот да пријави дека неговиот пациент има симптоми на Ковид 19.

Дневно брзата помош пренесува од 20 до 35 пациенти со Ковид 19, до овој момент двајца вработени се позитивни и во стабилна состојба. Според епидемиолошката анкета заразата ја добиле надвор од работните места. Директорката Бубало вели дека засега има доволен број на екипи. Брзата помош дневно има по 100 интервенции надвор од Ковид 19 меѓу кои и зголемените сообраќајни несреќи.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top