Иван Радевски со свое второ ЦД

Еден од најбараните фолк пејачи во Австралија Иван Радевски,пред нова година изненади со своето второ по ред цд..

Новото цд веќе може да се најде во продажба во сите продажни места на издавачката куќа Дигитал мјузик а после новата година излегува во продажба и во Австралија.

На новото цд има неколку негови нови авторски песни и песни кои највеќе се вртени а до сега не ги ставил на носач на звук.

Минатава година Иван снимаше два нови видеозаписи во Австралија со ИНТВ а наскоро најавува нови проекти.

За новата година Иван ќе ги забавува нашинците во Џелонг а потоа се вклучува во големата турнеја на Тандеми и Оливера ,каде ќе биде специален гостин.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top