Иванов ја доби тужбата против Антикорупциска пред Управен суд

Управниот суд одлучи во корист на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, околу унапредувањата на генералите, во време пред претседателските избори..

Управниот суд ја прифати тужбата на екс претседателот против антикорупциската комисија која со решение го казни поради генералските унапредувања пред крајот на неговиот мандат потпишани по распишување на изборите. 

Управниот суд оценил дека со одлуката антикорупциската комисија ја донела без да му овозможи на тогашниот претседател Иванов да изнесе своја одбрана согласно начелото на контрадикторност. 

Покрај тоа невозможно е и противуставно да му се укине офицерски или генералски чин на некој што е унапреден со одлука на надлежна инстиитуција. 

ДКСК не му дала ниту правна поука на Иванов. 

Управниот суд смета дека ДКСК не доставило ниту обезбедило докази дека се исплатени средства за повисоките чинови на 4-ца унапредени од Иванов.

Судот смета дека антикорупциска комисија требало правилно и целосно да ја утврди фактичката состојба, а не само деклараторно да се посомнева во преземените дејствија на тужителот, претседателот. 

Оттука, судот оцени дека од страна на тужениот орган не се сторени доволно напори за утврдување на фактичката состојба, стои во одлуката на управен донесена на 18-ти септември во итна постапка бидејќи е поврзано со изборни процеси. 

Унапредувањата на Иванов беа заменети со друг указ на новиот претседател Пендаровски, кој две од одлуките на претходникот ги потврди, додека изврши смена на две други генералски позиции.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top