Иванов ја откажа посетата на Австралија

Кабинетот на Претседателот информира Иванов донел одлука за одложување на посетата во Австралија..

Претседателот Ѓорге Иванов од 27 март па до 5 април требаше да биде во Австралија, во посета на македонската дијаспора.

И покрај тоа што ситуацијата во Република Македонија е критична и прилично драматична тој сепак храбрто беше решен да ја посети Македонската дијаспора и тоа за прв пат во своите два мандати.

Во минатото Австралија ја посети и покојниот и почитуван Претседател Борис Трајковски.

Како и да е Македонците се радуваат дека ќе имаат прилика конечно да го видат Претседателот за кого што во последно време доста се изнаслушаа а за кој што и самите тие гласаа, но за жал тоа нема да се случи овојпат.

Иванов во Австралија требаше да има одвоени средби со високи политички имиња односно со Генералниот гувернер, Премиерот , Спикерот, Претседателот на Австралискиот Сенат со Претставници на Македонско-австралиската група на пријателство во Парламентот на Австралија како и со претставници на македонската заедница во Австралија.

Иванов требаше да ги посети македонците во Канбера, Сиднеј и Мелбурн.

Она што со сигурност беше потврдено околу посетата на Иванов е дека на 31-ви Март во перидот од 6:00 до 8:00 часот попладне Иванов требаше да одржи предавање на Универзитетот „Macquarie “ во Сиднеј, Нов Јужен Велс на тема: Предизвиците на Балканот во третиот милениум.

Кабинетот на Претседателот информира Иванов донел одлука за одложување на посетата во Австралија.

Причини  за одложување на посетата е политичката состојба во државата како и тензиите меѓу Турција и ЕУ за прекин на договорот за мигрантите.


Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top