Иванов: Македонија очекува помош од Турција за членство во НАТО

„Очекуваме конструктивна поддршка, помош и отворено лобирање за членство на Македонија во Алијансата од страна на нашите пријатели, земји-членки на НАТО, изјави претседателот на Република Македонија.

Поканата за членство, истакна Иванов, ќе биде дополнителен поттик за националните реформски процеси и ќе претставува позитивен пример во регионот. 

Турскиот претседател Ердоган ја повтори поддршката на Турција за интеграција на Македонија во НАТО, а го реафирмираше и принципиелниот став во однос на употребата на уставното име на Република Македонија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top