Иванов си зема стан на државна сметка кај кумашинот: Чиј е станот, дали Ѓорѓе го издава сам на себе?

Државата ќе му плаќа канцеларии на претседателот во заминување, Ѓорѓе Иванов во кулите „Џеваир“, чиј сопственик е неговиот кумашин, Ибрахим Џеваир..

Во 2012 година, Иванов и неговата сопруга беа кумови на синот на познатиот турски бизнисмен кој изгради облакодери во Аеродром.

Од тогаш, во јавноста се појавија различни информации, а една од нив е, дали Иванов има негови станови во комплексот? Откако се објави дека Иванов сака државата да му плаќа канцеларии на 28 кат во оваа зграда, се отвора прашањето, дали е можно претседателот во заминување сам на себе да си ги изнајмува канцелариите?

Ова прашање може да го одговори само Антикорупциската комисија, која може да покрене постапка по допрен глас.

Буџетот на идната Канцеларија на Иванов, според Законот, е во висина од 8% од буџетот на претседателот на државата, кој за 2019 година изнесува 81 милион денари. Тоа значи дека Канцеларијата на Иванов би добила на располагање околу 105.000 евра годишно. Државата ги покрива и материјални трошоци за потребите при остварувањето на активностите на поранешниот претседател.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top