Ивановски ги повика МАН и ЗНМ за заедно да ги договорат подзаконските акти на законите за медиуми
Ивановски не прецизира дали ќе има промени кај законот за медиуми.

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ги повика Македонската асоцијација на новинари (МАН) и Здружението на новинари (ЗНМ) заедно да ги договорат подзаконските акти за законите за медиуми и за аудиовизуелни медиумски услуги.
- Во повеќе наврати сме упатиле порака до Здружението на новинари на Македонија да седнеме на маса да се договроиме. Апелирам до двете асоцијации и до Македонската асоцијација на новинари и до Здружението на новинари, да седнеме, да ги договориме подзаконските акти од законите за медиуми и за аудиовизуелни медиумски услуги, бидејќи токму тие се многу битни во спроведување на терен на која било легислатива - изјави денеска Ивановски.
Ивановски, кој учествува на меѓународната конференција за човечки ресурси, не прецизира дали ќе има промени кај законот за медиуми, којшто, како што рече, е во напредна фаза во Собранието.
Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.