Изборен законик, Пендаровски ги поддржува измените

Претседателот Стево Пендаровски дава поддршка на иницијативaтa на неколку политички партии, доставена во изминатиот период до неговиот кабинет, а која се однесува за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик..

Иницијативата, како што соопштија од вилата на Водно, е во насока на создавање на пропорционален изборен модел со отворени листи и намалување на бројот на изборни единици на територијата на Република Северна Македонија.

„Треба да има помал број на изборни единици, без изборен праг или минимален праг на потребни гласови кои би и служеле на политичката застапеност во Собранието“, велат од Кабинетот на претседателот.

СДСМ ја поддржува идеја на претседателот. Социјалдемократите сметаат дека со отворени листи гласовите на Албанците би имале поголема тежина.

За ДУИ не е важен бројот на изборни единици туку изборниот процес според европските стандарди. Партија на Ахмети поддржува каков било модел кој извира од политички консензус.
„Прашање е на политичките партии. ДУИ нема проблем ниту со една со три или шест изборни единици. Сме ги разгледале овие можности и тие се помалку важни отколку одвивање на изборниот процес”, изјави Бујар Османи, портпарол на ДУИ.

Македонската опозиција нема јасен став. Партијата на Мицкоски очекува прво да има иницијатива во Собранието, за да потоа излезат со конкретен став.

Албанската опозиција ја фаворизира идејата за три изборни единици. Дури Алијансата за Албанците предлага 8 изборни единици.

„Три изборни единици ќе биде соодветниот модел за измени во Изборниот законик. Сепак ние како предлог имаме уште повеќе од три изборни единици, односно тие да бидат и развојните региони на републичко ниво”, рече Елми Азири, потпретседател на АА.

Движењето БЕСА предлага отворена листа каде гласачите ќе имаат право освен субјектите да гласаат и за кандидати на списокот.

„Ги изразивме ставовите и во работните групи каде се дискутирашше за Изборниот законик. Бројот на изборните единици треба да се намали од актуиелните шест на три изборни единици и нормално за доброто на легитимноста и тежината на избраните пратеници ќе треба да се аплицира моделот на отворени листи“, велат од Движење Беса.

Со моделот на отворени листи граѓаните ќе имаат право да го гласаат кандидатот на листата и субјектот со одвоено гласање без или со минимален праг на бројот на гласови. Моделот на три изборни единици предвидува спојување на единициат 1 со 2,3 и 4 со 5 и 6, модел кој Чаир и Дебар би ги ставил во една единица за разлика од сега кога се поделени во две единици. Во таква ситуација, бројот на пратеници би се ограничил на 40 пратеници за изборна единица.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top