Избори во Србија на 26 април

Парламентарните и локалните избори во Србија ќе се одржат на 26 април..

Генералниот секретар на претседателот на Србија, Никола Селаковиќ, ја потврди информацијата гостувајќи на ТВ Прва.

Претходно, претседателот на државата, Александар Вучиќ, кажа дека изборите можно е да се одржат на 19 или 26 април, објави „Блиц“.

„Најлогично би било да се одржат на 26 април, пред сè имајќи предвид дека неделата пред тоа е Велигден, а праксата е да се избегнуваат така важни празници. Не е непознато дека во Србија се одржаа избори на Ѓурѓовден во 2012 година или на Свети Јован во 2007 година. Но, тие датуми не се од важност за целата заедница, за разлика од Велигден, кој го празнуваат повеќе од 90 отсто од граѓаните на Србија“, рече неодамна извршниот директор на Центарот за слободни избори и демократија, Бојан Клачар.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top