Издавањето бугарски пасоши за странци привремено запре, државни службеници земале по 5.000 евра за пасош

Претседателот на Државната агенција за Бугарите во странство Петар Харалампиев е обвинет како шеф на организирана криминална група за корупциски и други злосторства. Обвинети се уште четири лица..

Истражителите извршиле претрес и во канцелариите на агенцијата во Софија, Ќустендил и Плевен.

Во овој случај веќе се приведени повеќе од 20 лица.

Бугарската министерка за правда Цецка Цачева изјави дека на повеќе од 750 лица им е откажано издавањето уверение за бугарско потекло во последните година дена, коментирајќи ја акцијата на бугарското специјално обвинителство.

Министерката Цачева вели дека фактот што има толку откажувања на уверенија за бугарско потекло потврдува дека има проблеми во Агенцијата за Бугарите во странство и најави измени на Законот за бугарско државјанство.

Харалампиев на оваа позиција бил предложен од бугарската партија ВМРО на Красимир Каракачанов. Обвинетиот Харалампиев е и лидер на граѓанското движење „БГ патриот".

Пред неколку години во медиумите се појави фотографија на претседателот на Државната агенцијата за Бугарите во странство Петар Харалампиев со маица со натпис „Вермахт“ (Wehrmacht) - името на вооружените сили на нацистичка Германија во времето на Адолф Хитлер. Тогаш Харалампиев беше заштитен од лидерот на ВМРО Красимир Каракачанов.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top