Изјавата на Де Геа најдобро ја опишува состојбата на Манчестер Јунајтед

Изјавата на Де Геа најдобро ја опишува состојбата на Манчестер Јунајтед.

Тие во рамките на 8. коло од Премиер лигата загубија на гостински терен од Њукасл со 1:0, а по натпреварот мошне искрен беше голманот на овој тим Давид Де Геа кој тврди дека ова е најтешкиот период откако пристигнал во клубот.

„Навистина не знам што да кажам. Ова е најтешкиот момент откако сум тука. Не знам што се случува. Не можеме дури да постигнеме ни еден гол на два меча. Тоа е неприфатливо. Не само во овој меч, туку цела сезона“, порача очигледно разочараниот Де Геа.

„Црвените ѓаволи“ по овој пораз се наоѓаат дури на 12. место во Премиер лигата со само два бода повеќе од опасната зона.

За работите да бидат полоши, следниот меч го играат против Ливерпул. Тој дуел ќе се одигра по репрезентативната пауза.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top