Излезе долго чуваната тајна: Роналдо имал договор со Милан пред трансферот во Јуве

Кристијано Роналдо бил пред трансфер во Милан, неколку недели пред да го потврди преминот во Јувентус, тврди спортскиот директор на „росонерите“ Масимилијано Мирабели..

Португалецот го шокира цел свет кога пред две години одлучи да го напушти Реал Мадрид по девет сезони поминати таму, но малкумина очекуваа негова следна дестинација да биде Торино бидејќи такво нешто не се спомнуваше во ниедна комбинација. Наводно, раководството на Милан ги договорило условите со Роналдо, но тогашниот сопственик Ли Јонгхонг одлучил да се повлече од договорот поради финансики проблеми.

„Постојано бевме во контакт со Жорге Мендес, знаевме дека Реал и Роналдо имаат несогласувања. Направивме се што треба, но кинескиот сопственик го блокирашe трансферот. Со сегашните газди, Роналдо сигурно ќе беше играч на Милан“, тврди Мирабели.

Истото лето клубот од Сан Сиро доби нови сопственици, американската инвестициска корпорција Елиот Менџамент, но трансферот на Роналдо во Јувентус веќе беше завршена работа кога се случи тоа.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top