Излезе приказната на виделина: Стана јасно зошто Роналдо летоска не заврши во Јунајтед

Кристијано Роналдо никогаш повеќе нема да го облече дресот на Манчестер Јунајтед..

Тоа стана јасно зимава откако клубот од Олд Трафорд го донесе Алексис Санчес. Но, работите полека излегуваат во јавноста, а сега стана јасно зошто Јунајтед минатото лето не го врати миленикот на навивачите.

Наводно, целата работа ја стопирал менаџерот Жозе Мурињо кој не сакал Јунајтед да биде заложник на португалскиот ас. Иако тој тогаш не беше во клубот, ја дознал приказната со Серхио Рамос кој во 2015 година бил пред трансфер во Манчестер Јунајтед, отишол и на разговор кај Флорентино Перес, но на крајот сето тоа го искористил за да добие побогат договор.

Мурињо не сакал тоа да биде случај и со Роналдо и уште на стартот ги прекинал преговорите.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top