Измамен битолчанец кој платил 7.700 евра за работна виза во Австралија

46-годишен битолчанец бил измамен од државјанин на Австралија кој му ветил дека ќе му набави работна виза за него и неговата фамилија. Измамениот битолчанец за услугата платил 7.700 евра, од кои му биле вратени само 1.000 евра..

Битолчанецот Ц.Д. случајот го пријавил во полиција. Според неговиот исказ по кратко време откако платил за визата, 33-годишниот Австралијанец му призна дека документите коишто ги спремил  се фалсификат и дека во Австралија му требале пари, па се договориле да му ги врати парите. Првично, Д.С. му вратил само 1.000 евра, додека останатите требало да ги врати до 23.10.2017 година, но тоа не се случило.

Полицијата поднесе кривична пријава против Д.С. од Сиднеј- Австралија со привремен престој во Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама“.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top