Измамници на Фејсбук: Преку лажен профил на Игор Џамбазов барале донации

На социјалната мрежа Фејсбук се појавија информации дека некој се обидува да го злоупотреби името и делото на глумецот и шоумен Игор Џамбазов..

Лажниот профил на социјалната мрежа, кој се претставува дека е офцијален на Џамбазов, се обидува да изнуди пари и лажни донации за, како што е пренесено, младо момче.

Според пишувањата на официјалниот профил на Џамбазов, за овој профил е објавено уште на почетокот на месецот, но истиот се уште е активен.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top