Изненадување од Олд Трафорд: Познат наследникот на Мурињо!

Долго време се пишува за отказот на Жозе Мурињо, но моментот никако да дојде иако навивачите со душа го очекуваат..

Никој не верува дека Португалецот ќе го дочека крајот на сезоната на клупата на Манчестер Јунајтед, само прашање на време е кога ќе дојде до разделба. Во исто време се шпекулира за можните наследници на клупата и се извртеа речиси сите познати имиња.

Последното во низата е Масимилијано Алегри кој го води Јувентус со огромен успех. Пред крајот на минатата сезона италијанскиот стручњак ја најави оставката, но потоа се премисли и одлучи да остане.

Според англиските медиуми, на Алегри му е понуден тригодишен договор за плата од девет милиони евра по сезона. Во исто време, има и буџет од 200 милиони евра за засилувања, треба само во следните месеци да ја прифати понудата од Манчестер.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top