Израел и Газа се блиску до нова војна, смета ЕУ

Газа и Израел се опасно блиску до нова војна по неодамнешниот конфликт, предупреди Европската Унија и порача дека на опасност се изложени и животи на цивили..

„Ескалацијата на насилството од претходните денови опасно ги приближува Газа и Израел кон нова војна. Први приоритети се да се задржи прекинот на огнот и заштитата на цивилите“, изјави портпаролката на одделението за надворешна политика на ЕУ.

Палестински болничар денес беше убиен за време на протести на границата на Израел и Газа. Во ноќта меѓу среда и четврток избувнаа најтешките конфликти по војната во 2014 година.

ЕУ како неприфатлив го оцени ракетниот оган со кој Хамас стрелаше врз позиции во јужниот дел на Израел, а осуди и други насилни и провокативни акции на Хамас и другите палестински милитанти против Израел. Израел, пак, го повика на воздржаност.

„И покрај тоа што има право да се брани, од Израел се очекува да покаже воздржаност и да направи сè за да се избегнат цивилни жртви во Газа“, смета ЕУ. Исто така, беше изразено и жалење поради трагичната загуба на бремената Палестинка и нејзиното дете.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top