Израел испрати тенкови на границата со Газа, можна е целосна копнена офанзива

Израелските власти трупаат дополнителни воени сили, вклучувајќи и тенкови, на границата со Појасот Газа откако стотици ракети беа испукани врз Израел, по што израелски авиони бомбардираа 70 цели низ палестинската енклава..

Израелската војска почна да ги зајакнува своите позиции вдолж Појасот Газа уште синоќа откако наводно добила зелено светло да регира против милитантите на Хамас доколку продолжи лансирањето ракети против израелските населби. На објавените снимки се гледаат колони со оклопни возила упатени кон границата откако Израелските одбранбени сили (ИДФ) го предупредија Хамас дека ќе возвратат со „железна тупаница“ на најжестокото гранатирање на Израел од војната во Газа во 2014.

„Жители на Газа, погледнете ги добро фотографиите од 2014 година. Сликата вреди илјада збора“, се закани израелскиот генерал мајот Камил Абу Рокон на Фејсбук, истакнувајќи дека Хамас „ја премина црвената линија“ со нападите врз Израел.

Израел сѐ уште нема официјално реагирано на неверојатното интензивирање на насилствата што се случи вчера откако повеќе од 300 ракети беа испукани кон Израел. Хамас соопшти дека е одговор на операција на ИДФ за убиство на нивен командант, при што израелски специјалци влегле повеќе од 3 километри во Газа.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top