Израел ќе ја уништи сириската противвоздушна одбрана

Израел ја предупреди Сирија да не ја употребува нејзината противвоздушна одбрана против израелски авиони откако сиријците стрелале врз нив..

Тие претходно нападнале конвој за кој се сомневало дака носел оружје за милитантната група Хезболах. „Следниот пат кога ќе го сторат тоа ние ќе ја уништиме сириската противвоздушна одбрана“, изјави министерот за одбрана Авигдор Либерман. 

Хезболах се бори на страната на сириските владини сили во шестгодишната граѓанска војна во Сирија.


Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top