Израел може да почне поинтензивно да користи авиони Ф-35 по пристигнувањето на рускиот С-300 во Сирија

Израелската војска можеби ќе мора да зависи од футуристичките стелт капацитети на американскиот борбен авион Ф-35 за непречено да ги продолжи своите напади, откако сириската воздушна одбрана доби системи С-300, јави радиото на израелските одбранбени сили..

Самододеленото право на Тел Авив да напаѓа „ирански цели“ во или надвор од Сирија е сериозно загрозено откако Москва реши да го снабди Дамаск со ракетни системи С-300. Пресретнувачите земја-воздух кои ѝ беа испорачани на Сириската арапска армија, како и решеноста на Москва да ги попречува радарите, навигацијата и комуникациските системи на авионите кои напаѓаат цели во Сирија преку брегот на Средоземното Море може да ги искомплицира задачите на израелските авиони Ф-15 и Ф-16. Па затоа, за да избегне потенцијални закани за своите борбени авиони, Израел најверојатно ќе мора да зависи од Ф-35 за мисиите во Сирија, пренесува Раша тудеј.

„Следните напади ќе бидат побезбедни за пилотите имајќи ја предвид новата реалност на небото над Сирија“, изјави извор од израелската војска за радио станицата, истакнувајќи дека Израел дефинитивно планира да го употреби „најскапото оружје во светот“.

Во последните неколку години Тел Авив купи 50 авиони Ф-35, или „адир“ на хебрејски, од Локид Мартин, по цена од 125 милиони долари од авион. Осум авиони веќе се префрлени во Израел, а уште 33 се очекуваат да пристигнат до 2021 година.

Според техничките карактеристики на американските борбени авиони, активниот електронски систем за скенирање (АЕСА) би требало, теоретски, да им овозможи на авионите да оперираат незабележано во непријателската територија и да ги избегнуваат системите за ракетна одбрана како С-300 со попречување на нивните сигнали. Дали „стелт“ технологијата на Ф-35 ќе се покажат ефикасни во реални борбени услови останува да се види бидејќи досега, покрај мноштвото електронски и системски проблеми, авионот имаше и маки со радарот.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top