Израел нападна воздушна база во Сирија

Израел изведе ракетен напад на воздушната база Т4 во покраината Хомс во недела навечер, јавуваат сириските државни медуими повикувајќи се на воен извор..

"Нашите состави на противвоздушна одбрана го спречија израелскиот напад и срушија неколку ракети чија цел им беше аеродромот Т4", наведува воениот извор. 

Противвоздушната одбрана погоди еден од авионите за време на нападот и ги присили останатите да го напуштат сирискиот воздушен простор, се додава.

Изарелскиот воен гласноговорник рече дека Израел не ги коменира извештаите од страна.

Дамаск, како и неговите сојузници Иран и Русија, го обвинуваат Израел за нападот на Хомс на 9 април кога загинаа седум припадници на Иранската револуционерна гарда.

САНА вели дека неделниот ракетен панад предизвика само материјална штета. Израел стравува од ширење на иранското воено присуство во војната во Сирија.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top