Израел успешно лансираше разузнавачки сателит

Министерството за одбрана на Израел објави дека успешно лансирала нов сателит- шпион, за кој Министерството соопшти дека ќе обезбеди висококвалитетен надзор за военото разузнавање..

Израел постојано ги градеше своите способности за набљудување за да ги следи непријателите како Иран, чија нуклеарна програма ја смета за голема закана.  

Првите слики од сателитот се очекуваат за околу една недела. 

„Ќе продолжиме да ги зајакнуваме и одржуваме способностите на Израел на секој фронт, на секое место“, рече секретарот за одбрана, Бени Ганц.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top