Израелскиот министер за одбрана поднесе оставка поради примирјето во Газа, нарекувајќи го „капитулација пред теророт“

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман соопшти дека поднесува оставка на функцијата во конзервативната коалициска влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху во знак на протест поради примирјето во Газа..

Соопштувајќи ја својата одлука, која стапува на сила 48 часа откако ќе биде поднесена во писмена форма, Либерман го окарактеризира вчерашниот договор со палестинската исламистичка група Хамас, постигнат со посредство на Египет, како „капитулација пред теророт“, пренесува Ројтерс.

Палестинските милитантни групи во Појасот Газа го прифатија вчера прекинот на огнот, на иницијатива на Египет, со цел ставање крај на најновиот конфликт со Израел.

Хамас и помалите оружени групи во Газа го најавија прекинот на огнот во заедничко соопштение. Договорот го прекинува најжестокиот судир меѓу израелската војска и милитантите на Хамас од војната во 2014 година.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top