Јадете домати кога ги има

Тој е еден од најупотребуваните производи кој многу често се користи во исхраната, било како свеж, во форма на сок или како додаток на јадењата..

За време на летото едно од најчестите зеленчукови растенија кое секогаш зазема значајно место на трпезата е доматот, кој освен што е вкусен е и лековит зеленчук. Тој е еден од најупотребуваните производи кој многу често се користи во исхраната, било како свеж, во форма на сок или како додаток на јадењата. 

Доматите се применуваат на бројни начини. Свежи или исечени на парчиња или измешани во салати - тие се секогаш вкусни. Нивниот вкус е единствен во природата и го подобрува вкусот на секоја храна која се готви. Од него може да се направи џус, супа, пире, сос и кечап.

Неодамна спроведените научни истражувања покажале дека луѓето кои во својата исхрана редовно консумираат домати (solanum lycopersicum) имаат помал ризик да заболат од кардиоваскуларни и малигни заболувања, но и од други хронични болести.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top