Јахјага ги прими акредитивните писма од амбасадорот Страшевски

Амбасадорот Страшевски го нагласи значењето на соработката меѓу двете држави со посебен акцент на патот кон интеграцијата во ЕУ.

Новиот македонски амбасадор во Косово, Илија Страшевски вчера попладне и ги предаде акредитивните писма на косовската претседателка Атифете Јахјага.

Претседателката Јахјага честитајќи му на амбасадорот Страшевски за новата должност ги оцени односите меѓу Република Косово и Република Македонија како многу добри.

- Нашите две земји имаат многу добри односи во сите области и тие треба да се продлабочуваат и понатаму, посебно во економијата и соработката во рамките на процесот на европската интеграција, изјави Јахјага.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top