Јаја Туре: Црните фудбалери би можеле да го бојкотираат СП во Русија доколку земјата земја не се пресмета со расизмот

УЕФА покрена истрага за пријавата на Туре дека бил навредуван на расна основа.

Фудбалерот на „Манчестер Сити“, Јаја Туре се закани дека „црните фудбалери“ би можеле го бојкотираат Светското фудбалско првенство во Русија во 2018 година, доколку оваа земја не се пресмета со расизмот на нејзините фудбалски терени.

- Доколку не сме сигурни во СП 2018 во Русија, ние нема да одиме, вели овој фудбалер од средниот ред на англискиот премиерлигаш „Манчестер Сити“, кој по потекло е од Брегот на Слоновата Коска.

УЕФА покрена истрага за пријавата на Туре, за тоа дека бил навредуван на расна основа од дел од навивачите на рускиот клуб ЦСКА, за време на натпреварот во Москва во рамките на третото коло од Лигата на шампионите.

ЦСКА ги демантира тврдењата на Јаја Туре дека имало расистичко скандирање. Претставник на овој московски клуб изјави дека е „изненаден и разочаран“ од обвинувањата на фудбалерот од Брегот на Слонивата Коска во дресот на „Манчестер Сити“.

Московскиот клуб, сепак, ќе мора да се појави на сослушувањето што на 30 октомври ќе го одржи УЕФА за овој случај. Доколку биде прогласен за виновен, ЦСКА мора да го игра следниот меч од Лигата на шампионите пред празен стадион.

Извршниот директор на организацијата за борба против расизмот на фудбалските терени, Пиара Повор, меѓутоа, го поддржа Јаја Туре во неговата закана за бојкот на Светското првенство во Русија од страна на африканските фудбалери.

Тој смета дека без репрезентациите од Африка и без африканските фудбалер, нема да има ниту Светско првенство.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top