Јакимовски останува во куќен притвор

За В.С. и Т. Ѓ. Кривичниот совет ги потврдил решенијата во целост..

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски останува во куќен притвор и му се забранува комуникација со лица опфатени во кривично-правниот настан.

-Постапувајќи по жалба на одбраната и обвинетиот, Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција за С.Ј. ја одби жалбата, ја потврди мерката куќен притвор и дополнително му определи мерки и тоа забрана за комуникација со лица опфатени со кривично-правниот настан и забрана за употреба на средства за комуникација без дозвола на судот, соопштија од Кривичниот суд за МИА.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top