Јанчев во ВМРО-ДПМНЕ: Јас бев за излегување на референдум

Јанчев вели дека наскоро ќе информира за неговите наредни потези..

Не се согласувам со одлуката на партијата во однос на референдумот. Јас сметам дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го повика членството да излезе на референдумот на 30 септември и секој сам да одлучи за својот глас, „за” или „против”, изјави Митко Јанчев, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, пишува МКД.МК.

Јанчев вели дека тој вчера не присуствувал на седницата на Извршниот комитет на партијата и дека гласал телефонски. „Колку што знам, само јас бев против ставот на партијата граѓаните, членството, сами да одлучат како ќе постапат на 30 септември. Јас сметам дека ВМРО-ДПМНЕ мора да има прецизен став, за бојкот или за излегување на референдумот. Вака топло-ладно не ѝ личи на партијата“, вели Јанчев.

На прашањето за неговиот став во однос на Спогодбата со Грција, Јанчев одби да го коментира тој документ и рече дека наскоро ќе го каже својот став.

Од партиски извори МКД.МК дознава дека веќе подолго време има одредена нетрпеливост меѓу претседателот на партијата Христијан Мицкоски и потпретседателот.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top