Јане Димов, Елена Јанеска и Анастасија Велјаноска ја започнаа сезоната со злато на “СРБИЈА ОПЕН 2019”

Јане Димов ,Елена Јанеска и Анастасија Велјаноска ја започнаа сезоната со злато на “СРБИЈА ОПЕН 2019”.

Викендов во Суботица во соседна Србија се одржа Таеквон-до ИТФ А класа турнир “СРБИЈА ОПЕН 2019”на кој зеде учество и нашиот клуб”ХВА РАНГ ИТФ”
Лескоец-Охрид, благодарение на генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”.

На овај престижен турнир учетвуваа 37 клубови од 12 земји од Европа, и тоа едни од нaјдобрите репрезентации во светот, што беше извонредно искуство за нашите натпреварувачи, учествувааа натпреварувачи од Украина, Чешка, Словачка, Унгарија, Австрија, Хрватска,Словенија, БиХ, Србија, Македонија, Грција, Бугарија.

На овај турнир настапивме со неколку нови дебитанти кои ни приредија пријатно изненадување, а некои се закитија со нивниот прв медал. Најпријатно изненадување ни приредија најмладите девојчиња, Христијана Парулеска која за малку не го освои првото место во борби -35 кг за девојчиња 8-10 години и се закити со сребрен медал, додека Софија Колушоска беше тесно елиминирана во полуфиналето во борби -30 кг за девојчиња 8-10 години и се закити со боронзен медал. Пресреќните лица на овие две прекрасни девојчиња кажуваа колку им значи освоениот медал.

Од дебитантите Александар Пуцоски истотака изгуби во полуфинале, и зеде бронзен медал во категорија -60 јуниори 14-15 години, додека Мартин Патчев ,првата борба победи убедливо додека во четвртфинале ја изгуби борбата во последните секунди добивајќи опомена, но покажа извонредна борбеност и желба за победа што ветува многу за во иднина. 

Јане Димов оваа сезона ја започна со 2 златни медали, освојувајќи прво место во форми јуниори за плав појас и борби јуниори -16-17 години +75 кг. 

Елена Јанеска која е носител на ученички зелен појас, во првата борба ја имаше искусната репрезентативка на Словенија носител на црн појас, но тоа за неа беше уште поголем предизвик при што доминатно ја победи и отиде во полуфинале среќавајќи се со уште една носителка на црн појас , но нашата Елена бојата на појасот не ја плаши , истотака лесно совладувајќи ја противничката од Србија, за потоа во финале да се сретне со претставничката на БиХ , која истотака беше лесно совладана и со тоа Елена го освои првото место во категорија девојки 12-13 години +55 кг.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top