Јанева е во постабилна состојба, утре се враќа во Шутка

Обвинетата екс шефица на СЈО, Катица Јанева, е во постабилна состојба и утре најверојатно ќе биде префрлена во затворот во Шуто Оризари каде ја издржува мерката притвор, која и беше одредена како осомничена во предметот „Рекет“..

Јанева е веќе четврти ден на болничко лекување во приватната клиника „Филип Втори“, каде беше однесена во четвртокот поради влошена здравствена состојба. На Јанева и бил измерен висок крвен притисок, а при испитувањата докторите утврдиле дека е во прединфарктна состојба.

Адвокатите на Јанева не одлучиле дали врз основа на болничкиот извештај ќе побараат од судот мерката притвор да ја замени со мерка куќен притвор. 

Како што велат првин ќе ја сочекаат одлуката на Апелациониот суд за поблага мерка за што е понудена гаранција.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top