Јанева: Има многу приватни разговори во „бомбите“, ги одвојуваме и тие се моја работа

Во прислушуваните разговори има многу приватни разговори кои се одвојуваат. На нив многу внимаваме и тие се моја работа, вели во интервју за ТВ 24 специјалната обвинителка, Катица Јанева..

„Ги преслушавме сите 600 илјади прислушувани разговори, но не сме ги анализирале сите. Има дел кој не ги слушаме повторно, а има делови кои се слушаат по повеќе пати за да се утврди дали се поврзани. Единаесет обвинители сме и во јавноста до сега нема некој необјавен разговор кој сме го слушале. Ако некој од тие разговори излезе во јавност, јас точно знам кој и во колку часот го слушал тој разговор. Има многу приватни разговори, тие се одвојуваат и се повеќе моја работа. 

Многу внимавам на приватните разговори кои се водени. Непријатна работа е да слушаш како некој со часови разговара со некоја личност. Не се тоа гадости, но се непријатни. Се препознава кога некој е нервозен и кажува нешто што не мисли, а се препознава и кога тој го мисли тоа што го зборува. Кога некој ви е таргет, а го слушате повеќе пати, тоа се познава. Преслушуваме нови 100 илјади разговори кои се обезбедени при два претреси во објекти. Тие се поврзани со јавно објавени приватни разговори", вели Јанева.

Специјалната обвинителка, Јанева вели дека и таа како граѓанин се прашува дали е сигурна додека разговара, како и тоа дали постојат снимки надвор од Македонија и апелираше дека доколку некој поседува прислушувани разговори, да ги достави до СЈО.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top