Јанева: Некој може да се спаси

Катица Јанева вели дека со промената на Законот за јавно обвинителство со кој СЈО ќе се инкорпорира во Јавното обвинителство, може некој од осомничените да се спаси, а некој да биде дополнително обвинет..

– Ние не сме ограничени само на „бомбите“, бидејќи во периодот кој што го анализираме, сметаме дека има и други прекршувања. Така што сега можеме да отвориме и нови многу покрупни предмети, освен овие што ги имаме – изјави Јанева.

За средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Јанева вели дека средбата била иницирана од негова страна.

– Средбата беше иницирана преку трето лице кое беше присутно таму, и разговаравме за критиките дека само одредени лица се предмет на истрага на СЈО, мислам дека е добро да се поразговара и да го замолам господинот Мицкоски да го поддржи Законот за јавно обвинителство со кој на СЈО му се продолжува мандатот на неодредено време – објаснува Јанева.

Според неа, на таа средба немало никакви уцени и закани од страна на Мицкоски.

– СЈО ќе продолжи со истото темпо да работи, за нашата работа ќе бидете известени од нашиот извештај кој што ќе биде идната недела презентиран пред јавноста – заврши специјалната јавна обвинителка.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top