Јанева: Се надевам дека брзо ќе го видиме Груевски зад решетки, би требало тоа да се заврши за 20 дена

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во вечерашното гостување на Канал 5 откри дека се очекува до петок да стигне второспената одлука за пресудата на Никола Груевски..

-Бавната правда е неправда. Во овој случај беше донесена пресудата релативно брзо и се надевам дека исто така брзо ќе го видиме господинот Никола Груевски зад решетки, дека ќе оди на отсужување на својата казна затвор од две години. За 20 дена би можело тоа да се заврши, сум работела на такви предмети. До петок се очекува да ја добиеме второстепената пресуда, по што тече рокот од 20 дена да се изготви упатен акт и да му се достави на Груевски и да си оди во затвор, рече Јанева.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top