Јани Бојаџи ги подели Македонците во Австралија

Најнова фејсбук бомба на Сашо Наумовски од Мелбурн, претседател на Македонското здружение „Македонија на Македонците.“.

Денес претседателот на Македонското здружение „Македонија на Македонците“, Сашо Наумовски на фан-страната на организацијата излезе со сооптение за јавноста во кое што го наведува следното:

До членовите на Macedonians of Australia Advisory Council

Неотповиклива оставка

Јас, Сашо Наумовски член на Macedonians of Australia Advisory Council, поднесувам моја оставка без намера за враќање во истата организација во иднина.

Причината за мојата оставка се должи на два големи прекршоци кои се случија за време на премиерата на филмот “Ругање со Христос” во Австралија и Нов Зеланд и последователно после враќањето на режисерот Јани Бојаџи во Република Македонија.

Првото спорно прашање се должи на фактот дека Јани Бојаџи беше цврсто против нашата организација Macedonians of Australia Advisory Council да го користи Македонското сонце (сонцето на Кутлеш) за време на првата официјална и последна премиера на неговиот филм бидејќи тој го сметал овој чин како “политички”. 

Од тука, сметам дека јас имам должност да и се извинам на Македонската заедница во Австралија и Нов Зеланд бидејќи не превзедов повеќе активности во насока на промена на истата негова одлука. 

Во времето на истото спорно прашање беше потребно да се постави следново прашање кон него “Дали неговата причина за неприфаќање на Македонското сонце, кое што нашата Македонска заедница слодобно го користи, се должи на тоа да несака да ги налути Грците и нелегалната Влада на Заев според Преспанскиот договор?” Мои почитувани Македонци, јас верувам дека ова прашање треба сега да се постави кон преостанатите членови од Советот. 

Според мене, јас не ја прифатив неговата одлука во време кога истата настана, и не ја прифаќам ни сега.

Второто спорно прашање има таква природа што ниту една Македонска организација/група/Асоцијација и индивидуален Македонец нема да ја прифати. 

Откако Јани Бојаџи се врати во Република Македонија, тој подготви два документи кои укажуваат на две индивидуални трансакции кои организацијата Macedonians of Australia Advisory Council ги исплати до него.

Јани Бојаџи по слободна волја истакнува дека, тој, долупотпишаниот од Република Северна Македонија од Скопје ги примил парите исплатени до него и дека овие документи се за пратени за потребите на организацијата Macedonians of Australia Advisory Council. 

Јас, Сашо Наумовски, како Македонец и претставник на Организацијата Македонија на Македонците која што има свој Устав, не прифаќам тие два документи да бидат архивирани во било која Македонска организација од Дијаспората. Со прифаќање на овие документи се прифаќа промената на името на нашата држава и одтука целосно се имплементира Преспанскиот договор помеѓу Грција и нелегалната Влада на Заев. 

Уште еднаш истакнувам дека и се извинувам на Македонската заедница во Австралија и Нов Зеланд и побарувам нивна прошка. 

Одсекогаш сум бил транспарентен и искрен кон Македонската заедница и нема да дозволам закани кон мене за да бидам замолчен за теми кои го загрижуваат нашето име и идентитет, и Македонската заедница. 

Нема да дозволам Македонската заедница и меѓу другото и илјадници луѓе кои купија карти за филмот, да бидат искористени преку прифаќање на било кој документ кој ја нарекува нашата држава “Северна Македонија”. 

Одлуката од членовите на Советот да ги прифатат горенаведените две спорни прашања и официјално да ги архивираат двата документи кои укажуваат на Северна Македонија, значи дека тие се согласуваат со Јани Бојаџи и со тоа всушност треба сите да одговараат за своите постапки.

Барам да се одржи генерално собрание за да можи Советот да обајсни до Македонската заедница во Австралија и Нов Зеланд и до Македонците кои живеат во Македонија, зошто членовите од истиот Совет ги прифатија двата документи на кои пишува Северна Македонија и што планираат да прават со собраните пари од Македонската заедница која плаќаше за билети за филмот „Ругање со Христот“ од режисерот Јани Бојаџи. 

Како претставник на непрофитна организација и како човек кој сака да е транспарентен, истакнувам дека сумата на пари заедно со двата документи каде пишува Северна Македонија и со изоставување на името и адресата на споменатите членови од Советот, треба да бидат достапни до Македонската заедница во Австралија и Нов Зеланд. 

Се надевам дека другите Македонски организации/ групи/ Асоцијации и индивидуалци ќе извлечат поука од ова и од важноста да се прашуваат многу прашања и прават целосни проверки на позадината на личностите кои доаѓаат во Дијаспората со цел да се осигураме дека нашата Македонска заедница нема да биде искористена во иднина.

Сашо Наумовски,

Член на Macedonians of Australia Advisory Council



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top