Јани Бојаџи: Веднаш да се тргне споменикот на Гоце Делчев во Струмица, а гимназијата да се преименува во „Красимир Каракачанов“

Фејсбук статус на Јани Бојаџи.

„Споменикот на Гоце Делчев во Струмица го зазема централниот простор на градот. Гоце Делчев и неговиот огромен монумент (најголем на светот) се синоним за Струмица, воопшто! И сега?

Овој споменик мора да се тргне, веднаш! Таков споменик на бугарски револуционер во Струмица е синоним за две работи:

1. Струмица е град во Бугарија, однсоно тоа е бугарски животен простор.
2. Тој споменик е претензија кој бугарската историја, култура и традица.

Во двата случаји треба да го нема!
Каков пресврт драги мои!

Десет години не утепаа антиспоменичките СС елити на црвената буржоазија дека ќе ги рушат спомениците на Груевски, сега ќе треба да ги туркаат спомениците што ги кревале нивните татковци и дедовци!

Почнува да станува и смешно. Тоа ми дава надеж дека целата работа ќе има пресврт во гротеска која на крајот ќе има Тарантиновски крај, па откако ќе ги срушат сите споменици, ќе изградат сопствени, ќе си ги кренаат и на крајот самите тие ќе си ги срушат!

Какво време за творештво!“

Фејсбук објава на режисерот Јани Бојаџи по обидот на властта да ја наметне и да ја прифати присилната бугаризација на најголемиот македонски револуционер и визионер, Гоце Делчев



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top