Јанкулоска го нападна Груевски: Лесно е да кажуваш кога си на 800 километри од Македонија

Поранешната министерка и една од најблиските соработнички на Никола Груевски, Гордана Јанкулоска вечерва го нападна на социјалните мрежи, откако тој објави статус во кој го критикува Договорот од Преспа и ги повикува пратениците да се премислат..

-Кога си далеку од проблемите, на 800км од Македонија лесно е на социјалните мрежи да кажуваш што е лесно а што не е, при тоа амнестирајќи се од сите проблематични одлуки за кои секогаш одговорен е некој друг и игнорирајќи ја реалноста дека Македонија е таму каде што е денес, меѓу другото и заради бројните испуштени шанси во минатото, напиша Јанкулоска.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top