Јанкулоска во затвор, Груевски во Будимпешта - потврдени затворските казни за случајот „Тенк“

Жалбите на тројцата осудени за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра се одбиени, одлучи Врховен суд по една година одоговлекување..

„Со донесените пресуди Врховниот суд на Република Северна Македонија ги одби поднесените барања на осудените, поднесени лично од нивна страна и преку нивните бранители и ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје.“, соопштија од Врховен суд.

Со ова потврдени се затворските казни од две години за Никола Груевски, четири за Гордана Јанкулоска и 4 и пол за Ѓоко Поповски.

Јанкуловска е единствена која ќе добие упатен акт за во затвор, бидејќи екс-премиерот Груевски е азилант во Унгарија, а Поповски веќе е во затвор.

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ со реакција:

„Гордана Јанкулоска ќе оди во затвор. Ја судеа без докази затоа што не одбра да биде слуга во скутот на Заев. Ова не е никаква правда, туку начин да се оттргне вниманието од вистинските скандали, криминали и неуспеси на мафијата на власт. Јанкуловска беше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и тука таргетот не е Јанкулоска, туку ВМРО ДПМНЕ“, напиша лидерот Христијан Мицкоски.

Од Будимпешта се јави и Груевски. Вели дека не е изненаден од одлуката на Врховен, додавајќи дека не постои реформа или закон што ќе промени нешто во судството во Македонија.

„ЕУ може колку сака да објавува извештаи за напредок или да поздравуваат ново донесени закони, но додека судиите  функционираат под принуда и страв од извршната власт дека може да бидат казнети доколку се непослушни, односно додека извршната власт работи на мафијашки принцип, реален напредок нема да има.“, напиша на својот Фејсбук профил Груевски.

„Тенк“ за Груевски беше и прва правосилна пресуда која требаше да го однесе во затвор, но чекајќи го да се пријави, тој се јави од Будимпешта каде што рече дека бара азил. Министерството за правда неколку пати досега бараше екстрадиција, но тоа не се случи, следните денови ќе испратат и ново барање.

Судиите од Врховен кои ја донесоа одлуката сега треба да напишат образложение, а потоа работата ја презема Кривичен каде што осудената има право да бара одлагање доколку исполнува некоја од 8-те точки предвидени со закон. Потоа на одлуката на судијата законот дава право на жалба пред кривичен совет со што целата постапка може да потрае неколку недели.

Од предметите на СЈО, ова е прв кој помина на Врховен, а Јанкулоска прва од тогашните министри која ќе треба да влезе во затвор. Јанкулоска одговараше за злоупотреба на службената положба, под влијание на Груевски го поттикнала Поповски да направи незакоснки тендер со кој ке фаворизирак упување на луксузен мерцедес. Груевски беше обивнет за поблаго криивчно дело примање награда за противзаконито влијание.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top