ЈАНКУЛОВСКА ВЛЕГУВА ВО ИДРИЗОВО: Видеото ги вжешти социјалните мрежи со недолични коментари

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска беше спроведена во казнено-поправната установа Идризово каде ќе ја издржува четиригодишна затворска казна. Видеото кое се појави на социјалните мрежи предизвика лавина од вулгарни и недолични к.

Таа е осудена правосилно на 4 години затвор поради злоупотреба на службената положба и овластувања поради тоа што му наложила на помошникот-министер во МВР Ѓоко Поповски да го намести тендерот и со пари од буџетот на полицијата, да купи мерцедес од речиси 600 илјади евра.

Согласно протоколите за прием, но и за коронавирус, Јанкулоска ќе биде најмалку 15 дена во карантинско одделение. Во тој период, ќе се направи безбедноста проценка и ќе се утврди дали за неа ќе бидат потребни посебни мерки...

Против поранешната министерка за внатрешни во Кривичниот суд има уште два други предмети, „Таргет - Тврдина“ и „Титаник“, кои се однесуваат на злоупотреба на службената должност.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top