Јапонија го обнови комерцијалниот лов на китови, светот ја осудува

Во Јапонија, по 31 година, од 1 јули повторно е дозволен комерцијален лов на китови..

Првите бродови испловија вчера наутро во првиот комерцијален лов по повеќе од три децении, што предизвика осуда низ светот и загриженост низ светот.

Јапонија во декември донесе одлука да се повлече од меѓународната комисија за лов на китови, што е резултат на долгогодишната кампања на јапонската индустрија и премиерот Шинзо Абе, јавува Ројтерс.

Сачико Сакаи од пристаништето Куширо, каде беше одржана церемонијата по повод почетокот на ловот, вели дека китовите се дел од јапонската култура на исхрана и дека китови јадела уште како дете.

Оваа година квотата за лов на китови изнесува сѐ на сѐ 227 единки, соопшти јапонската агенција за риболов.

Јапонците всушност не конзумираат многу китови. Нивното месо сочинува само околу 0,1 отсто од годишно конзумираното месо, што значи дека просечниот Јапонец во текот на годината јаде околу 40 до 50 грама месо од кит.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top