Јапонија набавува ракети кои може да ја погодат Северна Кореја

Јапонија има намера да набави крстосувачки ракети со среден дострел кој може да ја погодат територијата на Северна Кореја, а станува за контроверзна зделка за земјата којашто се откажа од правото да води војна..

Јапонскиот министер за одбрана, Ицунори Онодер не ја спомена Северна Кореја кога објави дека неговата земја ќе ги набави споменатите ракети и додаде дека тие ќе бидат купени во одбранбени цели.

„ Планираме да воведеме ракети JSM (Joint Strike Missile) за борбените авиони ‘F-35A’… кои може да се истрелаат надвор од дострелот на непријателските закани“, рече Онодера на прес-конференција.

Планот за набавка на ракетите секако ќе наиде на остри критики од страна на опозициските партии во парламентот, особено од оние политичари коишто се загрижен од активностите последните години на конзервативната влада на премиерот Шинзо Абе за кои велат дека го разводнуваат јапонското откажување од правото на водење војна што е запишано во уставот на земјата по Втората светска војна којашто заврши со двете засега единствени употреби на атомска бомба кога САД ги бомбардираа јапонските градови Хирошима и Нагасаки кои го забрзаа крајот на војната.

Меѓутоа, растечката закана од севернокорејските балистички ракети кои веќе неколкупати ја прелетаа територијата на Јапонија ги поттикна повиците на политичарите, меѓу кои е и Онодера, на посилна војска којашто може да ја одврати Северна Кореја од покренување можен напад.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top